Академија за лидерство 2017 – Модул 1, Ниш, Србија

Балкан Нет во соработка со своите партнери Констан Дооел и Националната асоцијација на општински службеници на Бугарија (НАОСБ) и со поддршка од Фондацијата Ханс Зајдел и Советот на Европа, веќе 5 години го спроведува проектот „Академија за лидерство“. Во рамките на овој проект, одржани се 17 работилници во Македонија и Бугарија! Академијата за лидерство во почетокот беше ориентирана кон општинските претставници и градоначалниците, со цел да се подобрат нивните лидерски способности и да се овозможи прекугранична меѓуопштинска соработка помеѓу општините во Бугарија и Македонија. 

Од оваа соработка произлегоа многубројни предлози и нови проекти каде што на дело може да се видат резултатите од обуките во рамките на проектот Академија за лидерство. Во 2016 година целна група во проектот бea претставниците од инспекциските одделенија од општините, други општински претставници, граѓанските организации и невладиниот сектор итн. Toa значи дека програмата беше прилагодена на оваа целна група и вклучи нови содржини и материјали. 

Во 2017 Проектот се спроведува во 3 фази/работилници од кои две во Србија и една во Бугарија. Учеството во „Академија за лидерство“овозможува стекнување на нови знаења и вештини од областа на лидерството како и можности за соработка со други релевантни организации. Првиот модул од програмата Академија за лидерство 2017 се одржа во Ниш, во Хотел Њу Сити од 08-11.02. На овој модул учествуваа 30 учесници од Србија, Македонија и Бугарија, во најголем дел претседатели на општини, градоначалници, директори на јавни комунални претпријатија, општински советници, претседатели на здруженија и фондации од невладиниот сектор како и сопственици и директори на приватни консултантски куќи итн.

За време на семинарот којшто беше спроведен од Жан Станоевски, професионален тренер за лидерство, сертифициран од Советот на Европа, во текот на бројните сесии беа обработени следниве теми:

-       Комуникација,

-       Презентација и јавен говор,

-       Лидерство во локалната самоуправа,

-       Нови пристапи кон лидерството,

-       Мотивација и разбирање на личното лидерство,

-       Управување со време,

-       Меки вештини и емоционална интелигенција,

-       Лидерите низ историјата.

 

Некои од впечатоците од учесниците на првиот модул:

-    Обуката беше ефикасна, стимулативна, размената на искуства помеѓу различните учесници беше добро организирана,

-    Обуката целосно ги исполни моите очекувања,

-     Многу јасни предавања и извонредна обука,

-     Комплетен семинар, многу добро организирана обука,

-     Целосно се исполнети моите очекувања, пофалби за организаторите и пред се за тренерот,

-     Содржината, тренерот, сместувањето и организацијата на првиот модул беа извонредни

 

РАСПОРЕД НА НАРЕДНИТЕ МОДУЛИ:

Модул 2: 15-18 мај, 2017, Белчин Бања, Бугарија

Модул 3: јули или август, 2017, Србија

 

СЛИКИ:

 

  

  

  

  

  

  

  

  

 

  

 
Copyright © 2021. | www.constan.com.mk etoro review