Симултано толкување за потребите на АМЕРИТ, јуни 2017

На 08.06.2017 година, јазичните експерти на Констан Дооел беа ангажирани од страна на МОТО центарот на АМЕРИТ за симултано толкување од англиски на македонски јазик и обратно и од македонски на српско-хрватски јазик и обратно за ЕУ Конференцијата и обуката за возачи во рамките на проектот СЕЕД. 

Обуката и конференцијата ги опфатија следните теми: 

- Хармонизација на условите за пристап до професијата и взаемно признавање на професионалните квалификации во Југоисточна Европа – SEED проект;

- Усогласување на критериумите за професионална квалификација со европската легислатива за професионален патен транспорт / Исполнување на условите од Повелбата за квалитет на ЕКМТ;

- Специфични потреби на индустријата за патен транспорт во Југоисточна Европа;

Copyright © 2021. | www.constan.com.mk etoro review