Консекутивно толкување и учество на Австриско-македонски деловни средби за нови партнерства по налог на Трговското одделение при Австриската амбасада во Скопје

 

 

На 15 ноември 2017 година, г-дин Жан Станоевски, управител на Констан Дооел беше ангажиран за консекутивно толкување од германски на англиски и македонски јазик и обратно за потребите на Австриско-македонските деловни средби за нови партнерства во организација на Стопанската комора на Македонија и Трговското одделение на Амбасадата на Австрија во Република Македонија.

Покрај ангажманот како преведувач, поради долгогодишната соработка со германски и австриски фирми, г-дин Станоевски беше поканет активно да учествува на самиот настан и да се сретне со претставници од повеќе австриски фирми. Ова придонесе за остварување на нови познанства и можна соработка со фирми од Австрија.

Повеќе информации за овој настан се објавени на следниот линк:

Австриско-македонски деловни средби за нови партнерства

Copyright © 2014. | www.constan.com.mk etoro review