АКАДЕМИЈА ЗА ЛИДЕРСТВО 2018

 

Академија за лидерство 2018

Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора

"Академија за лидерство - 2018" е програма на интерактивна обука посветена на градоначалници, општински лидери и лидери на организации од невладиниот сектор од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Мисијата на програмата е да се помогне во развојот на поефикасно управување со цел решавање на социјални, технолошки и политички предизвици, кои предизвикуваат промени. Поттикнување на независно учење и развој, управување со проекти и мрежи, меѓу другото, се клучни елементи на програмата на Академијата за лидерство.

Програмата е првенствено фокусирана на три области: развој и подобрување на индивидуалните лидерски вештини, вовед во техники неопходни за управувањето со луѓе и организации, како и вовед во развивањето, планирањето и разбирањето на меѓународните проекти и програми.

Општите цели на програмата се пренесување на знаења за специфични методи за справување со предизвиците на креативното лидерство и подобрување на меѓусебните односи на учесниците на обуката, како и можноста да се извлече максимална корист за целиот процес на обука.

 

Специфичните цели на програмата се:

•  Солидно разбирање на улогата на доверба во постигнувањето на резултати и она што е потребно за да се создаде целосно разбирање за областа лидерство,

•   Подобрено разбирање и прифаќање на сопствените стилови и стиловите на работа на другите,

•   Презентација на научни процеси за користење на информации поврзани со процесот на создавање односи со соодветни тимови и во рамките на организациите,

•  Зголемување на ефикасноста на личната и интерперсонална комуникација и разрешување на конфликти во улога на лидер или член на тимот.

 

Програмата Академија за лидерство е дизајнирана од Советот на Европа, се одвива во два семинари (во Хотел Принцес, Бар, Црна Гора) во траење од 4,5 дена.

Првиот семинар се одржува од 18-22.09.2018 и вториот семинар од 08-12.10.2018.

 

Котизација: 190,00 евра за двата семинари.

Котизацијата вклучува обука, сместување во траење од 8 ноќи на база полн пансион во хотел со 4 ѕвезди и сертификат од Совет на Европа!

Побрзајте, остануваат само уште неколку слободни места!

 

Предавач и тренер: Жан Станоевски

 

                                  

Жан Станоевски (1968), е обучен тренер на Советот на Европа за академијата за лидерство, по професија филолог, работи како модератор, тренер и мотивациски говорник и од 2007 година е претседател на меѓународната фондација Балкан Нет (www.balkannet.eu) и основач и сопственик на Констан ДООел (www.constan.com.mk).

Неговите главни активности се состојат од: управување со проекти, обуки/помош, институционална и менаџерска поддршка, организација и модерација на меѓународни семинари и работилници. Тој работи на англиски, германски,   македонски и српски јазик.

 

Организациски одбор на Академијата за лидерство - 2018 година

 

 
Copyright © 2021. | www.constan.com.mk etoro review