Мисија/Цел/Визија

Печати

 

МИСИЈА:

Нашата основна мисија е да бидеме мост за разбирање помеѓу различните чинители од различните култури и земји и да нудиме услуги по мерка за покривање на потребите на индивидуалните лица, организациите и клиентите.

ЦЕЛ:

Наша главна цел е да ја пренесеме оргиналната порака од јазикот извор на јазикот цел, земајќи ги во предвид културните и регионалните разлики помеѓу различните чинители.

Користејќи ги нашите капацитети и човечки ресурси ja подобруваме ефикасноста на нашите клиенти и го поттикнуваме развојот. Нашата крајна цел е да бидеме меѓу најдобрите во дејностите во коишто работиме.

ВИЗИЈА:

Нашата визија е да бидеме сигурен партнер во обезбедување на сите потребни услуги со што ќе помогнеме и придонесеме во остварување на целите на нашите клиенти. Секогаш сме насочени кон вистинските вредности, довербата, иновативноста, разбирањето и предвидувањето на потребите на клиентите, што е основа и поттик за наш понатамошен развој. Визијата ја остваруваме:

- Преку воспоставување на професионален однос со деловните партнери што се заснова на заемна доверба и почитување. За нас, развивањето на пријателски однос со клиентите е пресуден за успешна и долгогодишна соработка;

- Со прилагодени услуги, нудејќи знаења, совети, методи, техники, технологии, системи, стандарди и управување, наменети за потребите и унапредување на стручноста, технологијата и бизнисот на нашите клиенти. За таа цел, ангажираме стручни лица и професионалци од праксата и науката за покривање на областите во кои работиме.

- Преку секојдневно залагање за остварување на нашата деловна политика.

Во текот на работењето целосно ги применуваме законските прописи, кодексите и принципите на добрата деловна пракса.

Copyright © 2021. | www.constan.com.mk etoro review