За нас

Печати

Нашиот тим

Ние сме посветен ТИМ на млади динамични и флексибилни професионалци што тежнеат кон континуирано самоиздигнување при што придонесуваат кон зајакнувањето на локалните достигнувања;

Нашиот тим е во следниот состав:

 

 Г-дин Жан Станоевски

 

Г-дин Станоевскисопственик и директор на компанијатае дипломиран филолог на Филолошкиот факултет во Скопје (отсек германски и англиски јазикво 1994 година и постдипломец на студиите за применета политика и дипломатија на универзитетот Гоце Делчев во Штип.

Тој своето работно искуство го стекна во текот на изминатите 19 години работејќи по налог на различни меѓународни и македонски институции/компании/донатори (Светска Банка, InWEnt, EAR, GTZ, KFW, CDG итн.),  главно во секторите право, економијаводоснабдување, логистика и транспортПосебно внимание се обрнува на активности поврзани со управувањето на домашно и меѓународно финансирани развојни проекти во МакедонијаГ-дин Станоевски е сертифициран ПроНет тренер.

Главните негови активности се состојат во следновоПроектен менаџменттренингподдршка за современи техники и инструменти на проектен менаџментинституционална и управувачка поддршкалогистикаорганизација и модерација на семинари и работилницилокална координација како и преведувачки услугитолкувањетехничка помош на меѓународни експерти.

Како искусен консултант тој навистина добро ги познава „тајните“ на претпријатијата и институциите во Македонија и кога се работи за фирмататој неуморно бара шанси за подобрување на состојбатаНеговата смисла за поглед одозгора е гаранција за тоа дека нашите концепти ќе бидат реализирани од нашиот тим. Што се однесува до претпријатието тој се грижи за задвижување на „моторот“ на истото.

Работи на англискигермански и македонски и српски јазик.

Симнете CV на г-дин Жан Станоевски - Менаџер / Обучувач / Модератор

Симнете CV на г-дин Жан Станоевски - Преведувач / Толкувач


     Г-дин Атила Ѓуладин

Г-дин Ѓуладин поседува 20 години професионално искуство и силна академска подлогакако МБА, Магистер на економски науки и Сертифициран менаџмент консултант (СМК), што му дава важна предност во спроведувањето и /или управувањето на проекти. Ова уште повеќе се надополнува со течно владеење на седум јазици и неговата способност лесно да се прилагоди на различните локални средини и менталитет. Неговите нагласени комуникациски, преговарачки и убедувачки вештини му помогнаа да се истакне како почитуван тим лидер. Како сениор менаџмент консултант, неговата експертиза се состои од рамнотежа помеѓу теоретски и директни оперативни вештини што произлегуваат од неговиот ангажман во разработувањето мастер планови, физибилити и due diligence студии и спроведување на мерки за институционално зајакнување/ надградба на капацитети, како и од работата како извршен директор на две меѓународни подружници на Берлинвасер (Berlinwasser).Покрај тоа, тој поседува значително меѓународно искуство стекнато во текот на имплементацијата на проекти во Албанија, Црна Гора, Србија, Турција, Азербејџан, Таџикистан и Македонија, заедно со германското искуство од работа за големи менаџмент и консултантски компании од Германија од 1998 година.

Во рамките на мерките за институционалното зајакнување/надградба на капацитети во секторот за вода, тој поседува сеопфатно знаење и искуство во: институционални анализи (на ниво на сектори и на комунални услуги); изработка на предлози за организациско подобрување, воведување на алтернативни решенија, финансиски анализи, управување со човечки ресурси и создавање мерки за обука и надградба на капацитети, реформи на учество во приватниот сектор, јавни приватни партнерства, како и за врски со клучните заинтересирани страни.

Во текот на својата работа тој посебно се специјализирал во:

• Комерцијализација на јавните претпријатија за водоснабдување,

• Финансиски анализи и финансиски менаџмент

• Тарифни студии

• Изработка на бизнис планови и буџетирање

• Спроведување на маркетинг и ПР активности

• Фокусирање кон клиентите и ЦРМ

• Човечки ресурси и градење на капацитети во секторот за вода

• ЈПП и ПСП

• Мастер планови, физибилити и due diligence студии

• Менаџмент и консалтинг за менаџирање на промени

• Врски со заинтересирани страни

Понатаму, тој има големо искуство во соработка со изведувачи и конкретно во примената на различни постапки за јавни набавки како што се: PRAG , KfW насоки и постапки на Светската банка. Неговите вештини во оваа област вклучуваат подготовка на тендерска документација, преговори, евалуација на тендерот и конечно, надзор на спроведувањето, плаќањата, како и набљудување на одредбите за гаранција. Во текот на својата професионална кариера, тој управувал со проекти (како проектен менаџер/лидер на тимот или заменик лидер на тимот), финансирани во рамките на билатерална и мултилатерална соработка, при што, се стекнал со значително искуство во комуникација со донаторите. Како проектен менаџер, тој има управувано проекти во вредност до 25 милиони евра. 

Симнете CV на г-дин Атила Ѓуладин


 

 

 Г-ѓа Наталиja Ташкова-Стојанова

 

 

Г-ѓа Ташкова-Стојанова е дипломиран преведувач и толкувач на Катедрата за превод и толкување англиски и германски јазик, на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, во 2010 год. Г-ѓа Ташкова-Стојанова ја врши функцијата на помлад менаџер на проекти за преведување и толкување, поседува извонредни способности во повеќе области од преведувањето/толкувањето и управувањето со развојни проекти. Таа врши консекутивно толкување, како и писмени преводи од англиски на македонски јазик и обратно.

Симнете CV на г-ѓа Наталија Ташкова-Стојанова

 


 Г-дин Игор Стефаноски

Игор Стефаноски, вработен во Констан е дипломиран филолог по француски јазик и книжевност со англиски јазик и книжевност – преведувачка насока. Со повеќе од 16 години преведувачко искуство, има одлично познавање на специфични терминологии (животна средина, здравство право, економија, финансии, социјална заштита, бизнис, земјоделие, енергетика, градежништво, армија).

Г-дин Стефаноски е овластен толкувач на Европската комисија за симултано и консекутивно толкување од англиски на македонски јазик и обратно и судски преведувач од македонски на француски и англиски јазик при Основниот суд Скопје I – Скопје од јуни 2000. Врши писмени преводи на голем број закони, стратегии, извештаи договори, упатства и други видови документи од бројни области од животот. Исто така преведува симултано и консекутивно од француски/ англиски на македонски јазик и обратно.

Симнете CV на г-дин Игор Стефаноски


 

   Проф. Др. Мишо Христовски - Надворешен експерт за безбедност и квалитет на храна

Професорот  Мишо Христовски е роден на 21.07.1956 година во Кочани, Република Македонија. Основно и средно образование завршил во Делчево. Дипломирал на Факултет за ветеринарна медицина во Белград во 1981 година. Магистрирал од областа на безбедноста на храната на истиот факултет во 1986 година а докторски студии завршил во Белград во 1994 година. Од 1983 година работи во Ветеринарниот институт во Скопје како помлад асистент и асистент. Од 1994 година е избран за доцент на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје. Вонреден професор е од 1999 година а од 2004 година избран за редовен професор. Од  основањето на Факултетот за ветеринарна медицина до денес е Раководител на Катедрата за Биологија и патологија на риби, пчели и дивеч. Извршувал голем број на функции на факултетот и универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје како сенатор, член на многу комисии, декан на Факултетот за ветеринарна медицина (2005-2009), пионер во Невладиниот сектор, основач на Националниот форум за заштита на животните на Македонија и во 1999 година преку кој  ја добива престижната прва Европска награда на Хенри форд фондацијата во висина од 100.000$ за проектот „Проблемот со охридската јагула”. Бил претседател на Спортско-риболовниот сојуз на Македонија (1999-2007) и многу други функции и активности. Објавил повеќе од 100 научни и стручни трудови и објавил 15 книги со разна тематика од областа на ветеринарната медицина (рибарство, пчеларство и лов) како и книгата „Вино, култура и традиција“ за која ја добива првата награда на саемот на книги во 2009 година.

Д-р Мишо Христовски има одржано повеќе од 200 предавања од областа на Биологијата и болестите кај пчелите на пчеларите во Македонија и во странство, а исто така и од ругите области од својот делокруг односно од рибарството, ловот и екологијата. Учествувал со трудови на повеќе конгреси, конференции, симпозиуми од разни области, посебно од областа на пчеларството а во последно време и од областа на безбедноста на храната.  Има свој пчеларник на падините на Водно во Скопје со повеќе од 50 кошници. Професорот Христовски за својот  пчеларник како и производството на мед и други пчелни производи  во 2013 година прв на Балканот го добива сертификат од MICHEL INSTITUT од Германија за безбедност и квалитет на храна за мали и средни претпријатија и исто така се стекнува со сертификат за аудитор по овој стандард. Во суштината на сиве овие научни дисциплини како финални производи секако дека се производите кои се користат за исхрана на човекот: мед, други пчелни производи, риба и преработки на риби као и сите други производи од животинско потекло кои се дел од професионалната дејност на професорот Христовски. Може да се каже дека од самиот почеток на работната кариера на професорот Христовски од 1983 година кога започнува со постдипломски на областа Хигиена и технологија на месо и млеко на Белградскиот универзитет, па до ден денешен предизвиците со безбедноста на храната се присутни со големо внимание и интерес. Во еволуцијата на личноста на професорот Христовски се заокружува интересна биографија со компетенции за широкото поле на ветеринарната медицина опишана преку здравјето на животните, зоонозите, здравјето на луѓето, заштитата на животната средина како и благосостојбата на животните и се разбира луѓето.  Затоа, безбедноста и квалитетот на храната, обуките и аудитите на производителите, преработувачите и сите други оператори со храна како и стандардите со кои се опишани овие области се предизвици за кои д-р Христовски во последно време со голема посветеност и љубов го посветува професионалниот и приватниот ангажман.

 


 

  Асистент м-р Фросина Бабановска - Миленковска - Надворешен експерт за безбедност и квалитет на храна

Асистент м-р Фросина Бабановска-Миленковска е родена на 08.09.1969 година во Куманово. Основно и средно биотехнолошко училиште „Никола Карев” завршила во Скопје, а дипломирала на Технолошко-Металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”во Скопје, насока прехранбено и биотехнолошко инженерство. Во 2005 година се запишала на меѓународните постдипломски интердисциплинарни студии за квалитет и безбедност на храна, на Факултетот за земјоделски науки и храна, при Универзитетот  „Св. Кирил и Методиј”во Скопје. Магистрирала во јуни 2007 година, со што се стекнала со назив магистер по квалитет и безбедност на храна.Во учебната 2008/2009 година се запишува на курсеви за доживотно учење, на меѓународен студиски програм Иновации во прехранбената индустрија, на Технолошко-Металуршкиот факултет во Скопје, при што успешно ги положува испитите: квалитет и безбедност на храна, нутритивни својства, адитиви во прехранбената индустрија и хроматографски методи.Во 2010 година ја пријавува својата докторска дисертација, во областа на прехранбеното инженерство и технологиите на конзервирање, на Катедрата за преработка на овошје и зеленчук, при Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, Република Македонија.

Од 1991 до 2002 година, работи во фирмите „Холмак” од Скопје, претпријатие за производство, трговија на големо и мало, увоз-извоз, како комерцијалист и во фирмата „Интерхолмак”, Скопје, мешавито претпријатие за надворешна и внатрешна трговија, со претставништво во Белград, Србија, како генерален директор. Од март 2002 до декември 2009 работи во Институтот за јавно здравје (РЗЗЗ), како самостоен аналитичар во Центарот за референтни лаборатории, Лабораторија за контрола на квалитет на храна. Во склоп на работните задачи, се стекнува со стручни и научни сознанија од повеќе области, извршувајќи ги следните активности:контрола на нутритивен состав, физичко-хемиски и сензорски особини на прехранбените производи, контрола на адитиви, додатоци на храна и контрола на различни суровини кои се користат во прехранбената индустрија; развој на постоечките и воведување на нови аналитички методи при контрола на квалитетот на прехранбените производи; давање на консултантски услуги на клиенти кои се непосредно или дирекно вклучени во трговија или производство на прехранбените производи; активно учествувала во подготвување и спроведување на процедурите од стандардот за акредитација на лаборатории ISO 17025; учество во компаративни тестирања  (proficiency testing) за утврдување на квалитетот на лабораториските резултати, согласно стандардот ISO 17025, при определување на квалитетот на млечни и овошни производи; учество во анализа на контролни примероци за одредување на квалитетот на различни прехранбени производи, како дел од меѓулабораториски споредби; учество во спроведување на интерни верификации на одредени мерни уреди, ваги, тегови и волуметриска опрема и учество во спроведување на верификации на аналитички методи.

Од 2010 година м-р Фросина Бабановска-Миленковска работи како асистент на група предмети на Катедрата за преработка на овошје и зеленчук. До учебната  2011/2012 година, ангажирана е во изведувањето на теоретските и практичните вежби по предметите: чување на овошје и зеленчук, стандардизација и чување на овошје и зеленчук, складирање и чување на земјоделски производи, познавање на овошјето, производство на безалкохолни пијалаци, преработка на овошје, преработка на зеленчук, преработка на овошје и зеленчук. Од учебната 2011/2012 година, ангажирана е во изведувањето на теоретските и практични вежби по предметите: производство на безалкохолни пијалаци, преработка на овошје, преработка на зеленчук, преработка на овошје и зеленчук, преработка на земјоделски производи и функционална храна. Активно учествува во наставната програма преку следните активности: подготовка на материјалите потребни за изведување на разните форми на активност на студентите; подготовка на материјалите за семинарска, прегледување и оценување на изработените семинарски работи; држење на теоретски дел од наставната програма и решавање на задачи според наставната програма; изведување на практични вежби во лабораторија за студенти; спроведување на дел од активности поврзани со соработка со компании од прехранбената индустрија; учество во лабораториски истражувања со примена на одредени предтретмани и технологии за различни суровини и преработки од овошје и зеленчук; примена на одделни истражувања при изработка на дипломски, магистерски и докторски тези; изведување на одредени лабораториски истражувања при изведување на научно-истражувачки активности, изработка на предлог проекти и бизнис планови при апликација на научно-истражувачки и развојно-истражувачки проекти и сл. Како резултат на истражувачката работа има објавено повеќе научни трудови во меѓународни списанија во земјава и странство.

Од 2008 до 2010 година работи како надворешен консултант на Стопанска комора на Р. Македонија, за имплементација на HACCP, во состав на Центарот за управување за квалитет на производството и услугите, како и на други приватни консултантски компании. Активно учествува во процесот на имплементација на  HACCP принципите и во изработка на прирачници за квалитет и безбедност на храна за различни прехранбени сектори и дејности. Консултативната дејност во однос на имплементацијата на HACCP принципите и други консултации од прехранбениот сектор ги продолжува самостојно.

М-р Фросина Бабановска-Миленковска активно се служи со англискиот и српскиот/хрватскиот јазик, а од останатите странски јазици има познавање на францускиот и германскиот јазик. Поседува и одлични информатички познавања,  Microsoft Office (Word, Excel and PowerPoint), Internet, (e-mail and web), софтвери за HPLC и за спектрофотометар. Има познавања и од областа на проценка на ризици од адитиви, дел кој е опфатен во нејзиниот магистерски труд, како и од областа на проценка на ризици од остатоци од пестициди, контаминенти и тешки метали. Има познавања и во областа на нутритивните својства на храната, особено за значењето на одредени биоактивни компоненти во прехранбени производи.

Во текот на својата професионална кариера учествувала на бројни, семинари, конгреси, обуки од областа на примена на лабораториски методи за контрола на храна, стандарди и процедури поврзани со добрата лабораториска пракса, метрологија во хемија, квалитетот и безбедноста на храната, а учествувала како обучувач во областите на технологии на конзервирање на овошје и зеленчук, во склоп на  организација на БЕСТ (Борд на Европски Студенти по Технологија), имплементација на HACCP систем, Safe Food for all - HACCP School of Excellence, во соработка со SIQ, Словенија, а е овластен тренер за метрологија во хемија, Train MiC Trainers, од страна на JRC – IRMM на Европска унија.

Учествувала во следните национални и меѓународни проекти:

-        Член на Координативно тело во национален проект за флуоризација на млекото за деца 3-5 години, во предучилишни установи во РM, во склоп на Националната стратегија за превенција на орални заболувања кај деца од 0-14 години, има активно учество во изготвување на стратегијата и реализација на програмските активности согласно предвидениот Акционен план. Учество во следење на концентрацијата на флуор во флуорирано млеко, преку контрола на производството на флуорирано млеко, мониторинг и следење на метаболизмот на флуор со редовно мерење на екскреција на флуор во урината на децата и евалуација на добиените резултати.

-        учество во изготвување и пријавување на предлог национален проект за распределба на средства за финансирање на  годишните  програми  за  научно-истражувачка дејност на Јавните научни установи за  2010 година, при МОН, под наслов: Контрола на квалитет на суровина од растително потекло, полупреработки и финални производи, соработник.

-        учество во изготвување и пријавување на предлог национален проект за финансирање на проекти од областа на растителното и сточарско производство и општите мерки од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2010 година, при МЗШВ, под наслов: Примена на соларното сушење за преработка на овошје и зеленчук, соработник.

-        учество во изготвување и пријавување на предлог национален проект за софистицирање развојно-истражувачки проект  при МОН, под наслов: Утврдување  на условите за пакување на маслинки со примена на модифицирана атмосфера, млад истражувач.

-        проектот под наслов: Quality and food safety systems in the fruit and vegetables food chain in Macedonia, присуство на обуки за обучувачи, како надворешен HACCP консултант на Стопанска комора на Македонија, проект на Стопанска комора на Македонија и Фламанската влада од Белгија, за Квалитет и безбедност на храна во прехранбениот ланец  на овошје и зеленчук во Македонија.

-        проектот  RER 5013 Evaluation of natural and mutant genetic diversity in cereals using nuclear and molecular techniques. Присуство на регионален тренинг курс поднаслов: Standardisation of Techniques for quality evaluation of Solanaceous food crops, на следните работни теми: одгледување на мутанти за подобрување на содржината на хранливи материи, со предавања и практична лабораториска екстракција и HPLC анализа на каротеноиди, токофероли, витамин С и полифеноли, кај домат, црвена пиперка и модар патлиџан, одржан во Централен истражувачки центар за храна, во Будимпешта, Унгарија.

-        Темпус проект под наслов, Improvement and Establishment of Biotechnology in Higher Education. Посета на одделни институти и лаборатории на Универзитетот во Хохенхајм, Германија.

-        проектот Safe Food for all - HACCP School of Excellence или Професионална стручност и обезбедување на безбедност на  прехранбени производи, заштита на потрошувачите и компетитивност  во Западен Балкан,  подржан од Европска Унија, носител на проектот е Словенскиот институт за квалитет (SIQ) и метеорологија од Љубљaна.  Учество како предавач на тема, Имплементација на HACCP систем, одржани во Лесковац, Сребија, Скопје, Македонија и Сараево, Босна и Херцеговина.

-        учество во работилници организирани во склоп на проект for Food Safetyin practice for the Region of South-East Europe, од Balkan Net, Скопје, подржан од Michel Institut, Германија и Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH.

-        учество во работилници организирани во склоп на проект Секторски маркетинг план за извоз на преработено овошје и зеленчук, од Македонија експорт, Инвест Македонија, подржано од USAID, AgBiz програм во Македонија.

 


 

  Др. Апостол Тома - Надворешен експерт за безбедност и квалитет на храна

Др. Апостол Тома, доктор на науки по исхрана, нутриционист,Експерт за храна и имплементатор и аудитор на системи за безбедност на храна.

Повеќе од 10 години работи како самостоен истражувач по исхрана. Бил Раководител и главен истражувач во поголем број научно-истражувачки проекти финансирани од страна на Министерството за образование и наука.

Последните 3 години, во својство на експерт за храна, активно учествува во работата на Меѓународната фондација Балкан Нет (www.balkannet.eu) и Друштвото за интелектуални услуги и консалтинг КОНСТАН ДООЕЛ Скопје (www.constan.som.mk).

Активен член е на Македонското Научно друштво Битола, Стопанската Комора на Македонија  и Сојузот на Стопански Комори на Македонија.   

Др. Апостол Тома, редовните и магистерски студии ги заврши на Универзитетот „Св. Кирил и Методи„ во Скопје а докторските студии по исхрана на Државниот Универзитет во Крагуевац, Србија .

Поседува долгогодишно практично искуство во областа на исхраната и  безедноста и квалитетот на храната како и имплементирање и аудит на системи за безбедност на храна.

Посебен афинитет во неговите научно-стручни и практични активности прeтставува нутриционизмот, а особено Правилната и здрава исхрана и Намалувањето на прекумерната тежина и гојазноста кај луѓето од сите возрасти.

Во моментов, Др. Апостол Тома, го раководи Одделението за „Правилна и здрава исхрана“ во КОНСТАН ДООЕЛ и е главен организатор на еднодневната работилница „Преку здрава исхрана до здрав живот„.   

 


 

Г-ица Лидија Ташовска

 

Г-ица Лидија Ташовска е експерт за храна, дипломирала на универзитетот Св. Климент Охридски во Битола. Таа работи како консултант и аудитор за безбедност на храната и поседува обемни познавања во областа на примената на стандардите за безбедност на храната, како што е ХАЦЦП и германскиот стандард за квалитет на храната кај мали производители ГЛК. Таа работи на англиски, македонски и српски јазик.

Симнете CV на г-ица Лидија Ташовска

 
Copyright © 2014. | www.constan.com.mk etoro review