Добредојдовте на веб порталот на Констан Дооел

 

Констан Дооел е формиран во 2002 година.

Ние постоиме за да ви помагаме да се разберете, да ја поттикнеме и подобриме вашата комуникација, да ви ги отвориме очите и душите за други култури и други јазици. Ние сме мост помеѓу истокот и западот, помеѓу светот и земјите од југоисточна Европа. 

Нашите услуги се скроени по мерка на клиентот, низ единствен динамичен баланс и ентузијазам во комбинација со сеопфатни домашни и меѓународни искуства и експертиза во различни сектори.

Нашата интелектуална енергија ја инвестираме во трансформација на утврдените политики во успешни проекти. Патот кон успехот е поплочен со препреки. Затоа нашите решенија по мерка секогаш се во склад со поставените барања на нашите клиенти.

Нашиот пристап се базира на нашето искуство и компетентност и на фактот дека организациите треба во целост да бидат посветени на процесот на транзиција на општеството и обезбедување на квалитетни информации и партнерство помеѓу јавниот и приватниот сектор.

Нашите главни цели се постојана иновација на услугите, потполно задоволување на клиентите и заедно со тоа, поддршка во целокупниот развој на нестабилните транзициони економии. Денес ние сме една од водечките фирми што ги покриваат потребите на пазарот за толкувачки и преведувачки услуги.
 
Вработените и партнерите на Констан се особено специјализирани за преведувачки и толкувачки услуги од сите светски јазици на јазиците во југоисточна Европа и обратно, како и за пружање советодавни услуги и обуки за безбедност на храната.


Со широка палета на партнери и соработници низ Македонија и низ земјите од југоисточна Европа, низ сите овие години на постоење, ние докажавме дека можеме да бидеме сигурни партнери на државните  и странските донаторски институции, но и на приватниот сектор во широк спектар на покривање на потребите за писмен превод, симултано и консекутивно толкување и екпертиза за безбедност на храната. 

 

Констан Дооел исто така ви нуди и професионални решенија за LED екрани и LED постери (www.ledscreens.mk). 

Ние сме специјализирани за обезбедување на најнова LED технологија за маркетинг цели. Нашиот тим е посветен на нашите клиенти за тие да се истакнат и да остават траен впечаток со висококвалитетните LED производи од нашите меѓународни партнери. 

Ние обезбедуваме професионални решенија „сѐ на едно место“ и целосни системи на LED екрани. Во соработка со нашите партнери, обезбедуваме дизајн, производство и монтажа на висококвалитетни LED екрани кои гарантираат издржливост и исклучителен квалитет. Нашите производи се исклучително ефикасни, со висока резолуција, јасни слики и светлина, богати бои, јасни детали и висок контраст што ги прави рекламните пораки лесно воочливи и атрактивни.

LED технологијата е енергетски ефикасна и штедлива, како и најпопуларен начин за привлекување на клиенти и зголемување на обемот на продажба.

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Copyright © 2021. | www.constan.com.mk etoro review