ТАИЕКС настан на 21-22.02.2024 во Скопје, Македонија

По налог на нашиот меѓународен партнер, Цекоформа и Европската комисија во рамките на ТАИЕКС програмата, на 21-22.02.2024, Констан ја организираше регионалната конференција на ТАИЕКС за 112 и eCall во Скопје, главниот град на Македонија.

Целта на конференцијата беше да се подобри функционирањето на услугите 112 и eCall и да се воспостави поефикасна координација помеѓу службениците во различни области на администрацијата во членството на Транспортната заедница. Во контекст на засилената соработка за прашања поврзани со транспортот на опасни материи и безбедноста на патиштата, 112 и eCall се услуги кои овозможуваат итна интервенција на териториите на регионалните партнери од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија, Србија, Грузија, Молдавија и Украина.

На овој хибриден настан, Констан обезбеди модератор кој ги координираше говорниците и над 200 учесници, 12 преведувачи за 6 регионални јазици (македонски, српски, албански, романски, украински и грузиски), техничка звучна опрема, микрофони, слушалки, флипчарт, проектни екрани, ZOOM платформа, како и 2 LED постери. Буџетот на проектот изнесува приближно 22.000 евра.

 

 

Copyright © 2021. | www.constan.com.mk etoro review