Студиска посета во Сплит, Хрватска за потребите на ГИЗ, 16-18.04.2024 година
Констан Дооел ја продолжи соработката со Германското друштво за интернационална соработка - ГИЗ.
Јазичните експерти на Констан во многу наврати беа ангажирани за симултано и консекутивно толкување, како и писмени преводи за потребите на ГИЗ.
Од 16 до 18 април, ГИЗ организираше студиско патување во Хрватска при што, беше ангажиран јазичен екперт за српски/босански/хрватски од Констан Дооел. Темата опфатена на настанот беше Добри практики од ЕУ за поврзување на комуналните претпријатија од големи размери со преносната мрежа.
