Симултано толкување за проектот Поддршка на ЕУ за владеење на правото Rule of Law
За потребите на проектот „Поддршка на ЕУ за владеењето на правото“, на 06–07.05.2025 година, јазичен експерт од Констан беше ангажиран за симултан превод од англиски на македонски јазик за време на работилница што се одржа во Велес.
Дополнително, Констан обезбеди tour guide опрема, која претставува безбедно, ефикасно и современо решение за симултано толкување, и која редовно се користи на ваков тип на настани поради нејзината практичност и функционалност.
