ТАИЕКС настан на 23-24.10, 2025
По налог на Cecoforma и Европската комисија, во рамките на Таиекс програмата, Констан организираше регионална конференција на 23 и 24 октомври 2025 година во Скопје.
На конференцијата учествуваа над 50 учесници и истата имаше за цел промоција на технички и економски регулаторни инструменти за намалување на загубите на вода и утврдување на тарифи во земјите кандидати за членство во ЕУ.
За потребите на овој настан, Констан обезбеди шест јазични експерти за симултан превод од англиски на српски, украински и романски јазик.
