Хибриден настан од 1 до 5 декември, 2025 во Скопје за потребите на UNICRI

Во рамките на Иницијативата на Европската унија (ЕУ) за Центри за извонредност за ублажување на ризици од хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни закани (CBRN CoE), Констан во соработка со UNICRI реализираше петдневна обука со наслов „Градење на предмет за кривично гонење на хемиски и биолошки кривични дела“. Обуката беше спроведена во рамките на пилот-проектот „Зајакнување на капацитетите за истрага, кривично гонење и судење на CBRN кривични дела во регионот на Западен Балкан“.

Петдневната интензивна програма обезбеди сеопфатен преглед на процесите на истрага, кривично гонење и судење на CBRN кривични дела. Таа го опфати целиот животен циклус на еден кривичен предмет, започнувајќи од местото на настанот, па сѐ до сите неопходни чекори што водат кон судска постапка.

Обуката се одржа од 1 до 5 декември 2025 година на Воената академија во Скопје, Северна Македонија. Настанот беше организиран во хибриден формат. Во рамките на својата поддршка, Констан обезбеди локален фокален поинт задолжен за координација и целокупна организација на настанот, двајца толкувачи за симултан превод од англиски на БЦМС, техничка опрема за озвучување, микрофони, слушалки, флипчарти, проектор, ZOOM платформа, како и еден LED постер за настанот. Вкупниот буџет на проектот изнесуваше приближно 22.000 евра.

  

  

Copyright © 2021. | www.constan.com.mk etoro review