Преведувачки услуги за потребите на ГИЗ

Во текот на јануари, 2025 година, јазични експерти на Констан ДООЕЛ беа ангажирани за симултано и консекутивно толкување на повеќе вебинари, работилници, конференции и состаноци организирани од ГИЗ. Толкувањето беше обезбедено од англиски на македонски, албански и српски јазик, во зависност од потребите на настаните.

На овие настани беа обработени различни теми поврзани со одржлив развој, енергетска транзиција, декарбонизација на електроенергетскиот сектор, регионална соработка и зајакнување на институционалните капацитети во земјите од Западен Балкан.

Copyright © 2021. | www.constan.com.mk etoro review