Симултано толкување и изнајмување опрема за потребите на АДКОМ

На 22 и 23 јануари 2025 година, Констан ДООЕЛ обезбеди услуги за симултано толкување и техничка опрема за потребите на АДКОМ – Здружение на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија.

Нашите јазични експерти беа ангажирани за толкување на македонски и англиски јазик, овозможувајќи ефикасна комуникација меѓу учесниците на настанот. Покрај толкувачките услуги, Констан ДООЕЛ обезбеди и tour guide опрема за симултано толкување.

На настанот беа разгледувани актуелни прашања и предизвици поврзани со управувањето и развојот на комуналните услуги, како и можностите за унапредување на квалитетот и одржливоста на комуналниот сектор во Република Северна Македонија.

Copyright © 2021. | www.constan.com.mk etoro review