Настан на 10.02.2026 за ГИЗ

На 10 февруари 2026 година, Констан ДООЕЛ обезбеди услуги за симултано толкување за потребите на вебинарот „eFTI4WB Webinar #6: eFTI Implementation in the EU: Case Study Lithuania“, организиран во рамките на проектот EU4Digital – Pillar 3.

Нашите јазични експерти беа ангажирани за симултано толкување, овозможувајќи непречена комуникација меѓу учесниците од различни земји и институции. Вебинарот беше посветен на имплементацијата на електронските информации за товарен транспорт (eFTI) во Европската Унија, со посебен осврт на искуствата и добрите практики од Литванија.

Настанот овозможи размена на знаења и искуства меѓу претставници на институции, експерти и засегнати страни од регионот на Западен Балкан во насока на унапредување на дигитализацијата на транспортниот и логистичкиот сектор.

Copyright © 2021. | www.constan.com.mk etoro review