Симултано толкување и изнајмување опрема на 19.02.2026 за потребите на ГИЗ
На 19 февруари 2026 година, во Кочани, Констан ДООЕЛ обезбеди услуги за симултано толкување и техничка опрема за потребите на настан организиран во рамките на проектот EU4Digital.
Нашите јазични експерти беа ангажирани за толкување на македонски и англиски јазик, овозможувајќи ефикасна комуникација помеѓу учесниците и говорниците. Покрај преведувачките услуги, Констан ДООЕЛ обезбеди и tour guide опрема за симултано толкување, како и техничка поддршка за непречено одвивање на настанот.
Настанот беше посветен на теми поврзани со дигиталната трансформација, регионалната соработка и унапредувањето на дигиталните услуги, со цел поддршка на процесите на дигитализација и интеграција во регионот.
