Симултано толкување од 24 до 27.02.2026 за ГИЗ
Во периодот од 24 до 27 февруари 2026 година, Констан ДООЕЛ обезбеди услуги за симултано толкување за потребите на активностите во рамките на Regio Trade проектот.
Нашите јазични експерти беа ангажирани за целодневно толкување, овозможувајќи непречена комуникација меѓу учесниците од различни земји и институции. Со обезбедената јазична поддршка беше овозможено ефикасно одвивање на работните состаноци, обуки и дискусии во текот на сите четири дена на настанот.
