Симултано толкување за студиска посета во Белград од 03 до 06.03.2026 за ГИЗ
Во периодот од 03 до 06 март 2026 година, Констан ДООЕЛ обезбеди услуги за симултано толкување за време на студиска посета во Белград, организирана во рамките на проектот „EU Support to Strengthen the Fight against Migrant Smuggling and Trafficking in Human Beings in the Western Balkans“.
Нашиот тим на професионални толкувачи беше ангажиран за толкување на македонски – германски јазик, придонесувајќи за непречен тек на комуникацијата и активното учество на сите присутни. Јазичната поддршка овозможи ефикасно спроведување на состаноците, презентациите и стручните дискусии, како и успешна размена на знаења и искуства меѓу партнерите.
