Состаноци на 09 и 19.03.2026 за потребите на ГИЗ
На 09 и 19 март 2026 година, Констан ДООЕЛ обезбеди услуги за симултано толкување за време на состаноците за управување со царинските ризици во рамки на проектот EU4TRADE.
Професионалните толкувачи беа ангажирани за превод од англиски на македонски и албански јазик, со што беше обезбедена јасна и континуирана комуникација помеѓу учесниците. Јазичната поддршка придонесе за непречено одвивање на работните сесии, презентациите и експертските дискусии, овозможувајќи ефективна размена на знаења и практики во областа на управување со царински ризици.
