Обука во времетраење од 9 дена за потребите на ГИЗ
Во рамките на проектните активности на EU4FAST BPOL WB6, во Издризово беше реализирана деветдневна обука во месец март, 2026 год. со учество на меѓународни и домашни експерти и обучувачи.
За потребите на настанот, Констан ДООЕЛ обезбеди консекутивно толкување македонско–германски јазик, со што се овозможи сите содржини од програмата да бидат јасно пренесени и разбрани од страна на учесниците, со што се обезбеди непречена динамика на обуката. Преводот придонесе за квалитетно одвивање на предавањата и практичните сегменти, како и за поефикасна комуникација меѓу обучувачите и присутните, овозможувајќи продуктивна работна атмосфера во текот на сите девет дена.
