Симултан превод на 24-25.03.2026 за потребите на ГИЗ

Во рамки на проектните активности на ГИЗ, на 24-25.03.2026 беше успешно реализирана Втората регионална работилница за превенција и борба против трговијата со луѓе и криумчарењето на мигранти.

За потребите на настанот беше обезбедена професионална услуга за симултано толкување од англиски –на БЦМС (босански/црногорски/српски), македонск и албански јазик, со цел непречена комуникација и активно учество на сите присутни претставници од институциите и организациите од регионот.

Настанот овозможи размена на искуства, добри практики и регионална соработка во областа на превенцијата и борбата против трговијата со луѓе и криумчарењето на мигранти, при што симултаното толкување придонесе за ефикасна и инклузивна комуникација меѓу учесниците од различни јазични подрачја.

Copyright © 2021. | www.constan.com.mk etoro review