Симултано толкување на 26.03.2026 за потребите на ГИЗ

Во рамки на активностите реализирани во соработка со МАРРИ, на 26.03.2026 година беше успешно одржана конференција на тема „Регионална координација за Пактот на Европската Унија за миграција и азил“.

За потребите на настанот беше обезбедена професионална услуга за симултано толкување од англиски на БЦМС (босански/црногорски/српски), македонски и албански јазик, со цел да се овозможи ефикасна комуникација и активно учество на претставниците на релевантните институции и организации од регионот.

Состанокот претставуваше значајна платформа за размена на информации, искуства и ставови во однос на имплементацијата на Пактот на ЕУ за миграција и азил, како и за зајакнување на регионалната соработка и координација во управувањето со миграциските текови и азилните политики.

Copyright © 2021. | www.constan.com.mk etoro review